Свет Цел на нападот биле функционери на Хамас

Нетанјаху: Нападот во Катар 100% израелска операција, Израел презема целосна одговорност

Нападот против лидерите на Хамас во Доха бил целосно израелска операција, се наведува во соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер на англиски јазик.

– Денешната акција против врвните терористички челници на Хамас беше сосема независна израелска операција, пишува во соопштението на канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Израел ја иницираше, Израел ја изведе и Израел презема целосна одговорност, се додава во текстот.

Израелските медиуми јавуваат дека претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со планираниот напад и дал поддршка.

To top