Регион

Поддршка за Палестина од студенти и ученици во Атина

За проблемите во училиштата и на факултетите во Грција, учениците и студентите денеска одржаа протести во Атина и Солун, а пред грчкиот Парламент изразија поддршка и солидарност за Палестина, јави дописничката на МИА од Атина.

Поддршка за Палестина од студенти и ученици во Атина

Учениците и студентите маршираа низ атинските улици, додека пак на нивна иницијатива, заедно со нивните професори направија листа, со како што објаснуваат за МИА, имињата на 8.500 жртви во Палестина, од кои околу 4.000 деца.

миа

Списокот го поставија на улицата пред Парламентот, објавија пано со пораката „Бидете тивки кога децата спијат, а не кога ги убивааат“ и запалија факели со боите на палестинското знаме, а чад со црвена, зелена и бела боја го исполни просторот околу плоштадот Синтагма.

миа

Со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите, по што продолжија со протестот извикуајќи „Слобода за Палестина“.

миа

Денешниот протест, учениците и студентите го организираа за да ги повторат нивите долгогодишни барања за пополнување на празните места поради недостиг на просветни работници, за подобри и побезбедни објекти итн.

To top