Македонија мвр ја предаде во јавното обвинителство

Над 100 страни има кривичната пријава за убиствата на Вања и Панче

– Опфатени се пет лица, еден за „грабнување“ и „убиство“ тројца за „грабнување“ и „соизвршителство при убиство“ и еден за „помагање при грабнување“, појасни министерот.

Над 100 страни има кривичната пријава за убиствата на Вања и Панче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вечерашната прес-конференција во МВР кажа дека во кривичната пријава за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се опфатени пет лица.

Кривичната пријава, како што кажа, е изготвена на повеќе од 100 страници и е предадена во Јавното обвинителство.

Во случајот се осомничени Љупчо Палевски – Палчо кој вечерва, како што соопшти министерот, е уапсен во Турција и неговите сопартијци, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна. Осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на Вања е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски.

Најнови вести од Македонија

To top