Македонија Нова влада, нови позиции

Анализа на КУРИР: Познавачите едногласни, новата Влада изгради подобри позиции за Македонија во ЕУ

-Особено загрижувачко за Борисов, потенцира Марјан Ѓорчев, од мој агол на анализа е последниот “нон пејпер” на Германија и Словенија којшто упатува на исклучување на Ветото во контекст на билатерални прашања, како механизам за стопирање на процесот на проширување, вели амбасадорот за Курир.
– Сега дојде она што го викаме берба на насаденото- Македонија дојде во ситуација да биде сослушана, да ги даде своите аргументи, а бидејќи овие луѓе коруптивно не се обврзани кон никого можат да зборуваат во интерес на Владата која ја претставуваат, а тоа е во суштина државата и граѓаните, посочува новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Анализа на КУРИР: Познавачите едногласни, новата Влада изгради подобри позиции за Македонија во ЕУ

Македонија не отстапува од своите национални интереси. Оваа порака при посетата во Брисел ја пренесе и премиерот Христијан Мицкоски.

Политиките на новата македонска Влада кои се целосно усогласени со вредносниот систем на ЕУ и ставовите на Унијата во поглед на евро-атлантското партнерство, го загрижуваат Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој имаше мандат да формира влада во Бугарија, но не успеа. И Борисов мораше да признае дека позициите на Македонија во ЕУ сега се подобрени и се засилуваат. Признанието “Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам“ за неговото правдање пред претседетелот на Европскиот Совет во Брисел, Кошта, ги обелодени новите, подобрени позиции на Македонија во ЕУ, резултат на дипломатсаката офанзива на Владата на премиерот Христијан Мицкоски.

За ова се согласни познавачите на светската и домашната политичка сцена,резултатите се видливи.

КУРИР го контактираше Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амбасадор во Бугарија и одличен познавач на состојбите, кој вели дека засилената политичка агенда на премеиерот Христијан Мицкоски и заклучните соопштенија од средбите со сите политички личности релевентни за процесот на проширување на Унијата и со земјите од Западен Балкан е очигледен сигнал за Република Бугарија дека нивната патерналистичка и блокадна позиција кон Македонија не наидува на подршка каква што тие очекувале.

-Изјавата на Борисов за изолацијата на Република Бугарија од процесите на зајакнување на позициите на Република Македонија во Брисел, е дадена во поширок контекст на фонот на кусогледоста на бугарските политички партии седум пати последователно да одбијат учество формирање на коалициона политичка Влада. Тој политички момент според Борисов упатува на длабока криза во бугарскиот политички систем и своевидна изолација на Бугарија од севкупните процеси на европеизација и афирмација на евро-атлантското партнерство во земјите од Балканското полуострово. Бугарија во период од 2011-2020 (кога Борисов управуваше со три политички влади во земјата) се обидуваше да се наметне како лидер на политиката на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, но, не успеа во тој политички ангажман, пред се, поради сопствените слабости, особено во полседните четири години. Србија, Грција и Турција се повеќе го засилуваат своето влијание во земјите од Западен Балкан, а за Република Бугарија е сигнификантен факт и засилената активност на Унгарија во политичките процеси во Југо-источна Европа, ова во изјава за КУРИР го вели Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амбасадор, екс-градоначалник и одличен познавач на состојбите во светската и домашната политичка сцена.

-Особено загрижувачко за Борисов, потенцира Ѓорчев, од мој агол на анализа е последниот “нон пејпер” на Германија и Словенија којшто упатува на исклучување на Ветото во контекст на билатерални прашања, како механизам за стопирање на процесот на проширување. Секој “нон пејпер” е своевиден лакмус за проверка на расположението кај сите земји членки на Унијата, за одредени сензитивни прашања за коишто во Унијата нема консензус кај сите земји-членки, потенцира Ѓорчев.

Според искусниот новинар Драган Павловиќ- Латас, Македонија досега никој не ја слушал на европската маса бидејќи никој немаше потреба да биде чуен. Вели дека Зоран Заев и неговата компанија ги интересирало само да им се замижи да бидат корумпирани, да соберат што повеќе пари и биле во состојба да потпишат се, а тоа го докажува и ситуацијата која ја имаме- сега веќе не е така.

-Тврдам 30 години дека проблем на секоја политика е корупцијата, така и на оваа. Корупцијата беше причина да власта на Заев, на претседателот на државата, на неговиот наследник биде корумпирана и да од лични интереси им даде на Бугарите бланко потпишана хартија да напишат што сакаат со гаранција дека тука ќе биде изгласано без оглед дали е Димитар Ковачевски, дали е Стево Пендаровски, или Зоран Заев. Македонија со таа власт беше ставена во таа ситуација да не знаеме што Бугарот ќе сака да си напише во листот кој му го даваш бланко потпишан. Јас никогаш не сум се лутел на Бугарите, ниту сакам да потикнувам такво нешто бидејќи тие си ги штитат своите интереси. Ние да сме на нивно место, можеби исто би постапиле, вели Драган Павловиќ- Латас во гостување во емисијата „За или Против“ и додава дека сега имаме власт која со години се подготвува да го промени ставот и позицијата на Македонија пред ЕУ кога е спорот со Бугарија во прашање, бидејќи спорот со Грција веќе е завршен и кој за Македонија е лош.

Според Латас, сегашната Влада во позиција на опозија не спиела, туку работела, а сега ги берат насадените плодови.

-Александар Николоски беше во врвот на ЕПП, тоа е Европската асоцијација на десните народни партии, Христијан Мицкоски исто така беше активен кај тие најголеми европски партии и успејаа да направат една припрема, едно расположение кај клучните европски играчи да бидеме барем слушнати за наште аргументи. Кога пред 5-6 месеци тие дојдоа на власт, дојдоа на припремен терен, не спиеја во опозиција, не протестираа колку да се протестира, тука навистина правеа нешто. Сега дојде она што го викаме берба на насаденото- Македонија дојде во ситуација да биде сослушана, да ги даде своите аргументи, а бидејќи овие луѓе коруптивно не се обврзани кон никого можат да зборуваат во интерес на Владата која ја претставуваат, а тоа е во суштина државата и граѓаните, потенцира Латас.

Подвлекува дека аргументите дошле во добро време, односно во време кога Бугарија ја блокира и Србија, кога Хрватска ја блокира Црна Гора… не е само Македонија исклучок.

-Таа политика која ВМРО-ДПМНЕ ја подготвуваше долго време со своите парнери во ЕУ, па и по одделни држави, сега дава резултати. Македонија досега никој не ја слушаше на европската маса бидејќи никој немаше потреба да биде чуен, Заев и компанија ги интересираше да им се замижи да бидат корумпирани, да соберат што повеќе пари и беа во состојба да потпишат се, тоа го докажува и ситуацијата која ја имаме, сега не е така.

To top