Дали американската амабасада и САД преку ставањето на Црна листа на Груби му испратија јасна и јавна порака „во шише“ и на лидерот nа ДУИ, Али Ахмети?
„Денешното именување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“, се вели во соопштението на американската амбасада, кое се лиферуваше во исто време додека Али Ахмети држеше прес-конференција пред Уставен суд, вршејќи што друго ако не класичен и непримерен политички притисок за судска одлука и мешање во работата на истиот тој суд.
Дали, со порака меѓу редови, амбасадата му додели една „воспитна“ и на Ахмети, чија десна рака изминатите години беше никој друг туку Артан Груби? Дисциплинирајќи ја „ударната тупаница“ на т.н. Командант, дали САД го кажуваат и својот став околу катадневните најави на ДУИ за дестабилизација, во време кога Македонија се враќа на лидерските економски патеки во регионот (3% раст на БДП во низа)и влегува во забрзана реализација на дузина државни и локални капитални проекти, излегувајќи од седумгодишната стагнација на секое поле?
Останува вкусот на пораз за Али Ахмети и ДУИ, затоа што паралелно со неговата изјава со директни барања до Уставен: „Ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд кој размислува за демократија во државава, за мир и стабилност, а не е суд кој става бензин врз огнот, да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома“, симултано одеше и соопштението од Амбасадата на САД, во кое се наоѓа и, можеби, најбитната порака за ДУИ: „…Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“.