Македонија Анализа

МОН и СОНК со историски договор, наставниците задоволни: Само СДСМ лицемерно критикува и протестира – неуспешен обид за манипулација со наставниот кадар

КУРИР побара одговори од министерството по критиките на опозициската СДСМ, партија која беше на власт 7 години и не покажа ваква грижа за наставниците. Напротив, со ваквиот однос тие ја потценуваат интелигенцијата на професионалците кои ни ги воспитуваат и образуваат децата.

МОН и СОНК со историски договор, наставниците задоволни: Само СДСМ лицемерно критикува и протестира – неуспешен обид за манипулација со наставниот кадар

Соработката со СОНК е одлична и според информациите од синдикалната организација, наставниците се задоволни од постигнатиот договор, затоа што истиот ќе обезбеди гарантиран долгорочен раст на нивните плати, велат од Министерството за образование во изјава за КУРИР.

-Со постигнатиот договор, октомвриската плата е зголемена за 5%. Во март 2025 ќе има покачување за 7,5%, во март 2026 и 2027 помеѓу 7,5% и 10%, а веќе во март 2028 година, растот би изнесувал од 10% до 12,5%. Тоа значи кумулативно покачување на платите за најмалку 46% во следните 4 години, во зависност од степенот на инфлација, велат од МОН.

КУРИР побара одговори од министерството по критиките на опозициската СДСМ, партија која беше на власт 7 години и не покажа ваква грижа за наставниците. Напротив, со ваквиот однос тие ја потценуваат интелигенцијата на професионалците кои ни ги воспитуваат и образуваат децата.

-Политичките партии кои ја водеа претходната Влада постојано потенцираат дека ги зголемиле платите на наставниците, но не споделуваат факт дека процентот на инфлацијата беше многу повисок од процентот на покачувањето. Сега наставниците добиваат финансиска сигурност на долг рок, а дополнително Министерството за образование и наука се заложува за обезбедување на подобри услови за работа, преку повеќе инвестиции во образовната инфраструктура и во опремувањето на училиштата. Заедно со институциите, партнерски учествуваат во креирањето на политиките, во ревидирањето и изработката на нови наставни програми во основното и средното образование, како и во надградбата на законската регулатива, велат од МОН за КУРИР.

КУРИР вчера побара став од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК.

Од таму велат дека се релативно задоволни од постигнатиот договор со Министерството за образование и наука, од аспект на тоа што имаа преговори со МОН и Влада кои беа на власт само неколку месеци и наследија празен буџет.

-Нашето барање беше 12%, но со оглед на одговорот на МОН и Владата за 0% во оваа година, сепак сметаме дека овој договор е компромис помеѓу барањето на СОНК и можностите на државата, велат тие.

Ја прашавме стручната служба на СОНК: Гледате ли во оваа Влада подготвеност за дијалог до целосно решавање на проблемите?

-Секако, со оглед на тоа дека досега со МОН имаме детектирано повеќе проблеми, за кои во наредниот период мораме да најдеме заедничко решение. Пред се, треба да се потпишат колективните договори за основно, средно и високо образование со квалитетни решенија кои ќе бидат дел од текстот. Проблемот со мал број на ученици во паралелките, решавање на
можниот вишок на вработени, но и недостатокот на наставници по одредени наставни предмети, се едни од приоритетните прашања за кои треба да најдеме решенија. Секако, и инклузијата не смееме да ја заборавиме, каде треба да се обезбедат квалитетни услови за работа на наставниците и учење на учениците. Трансферот на детските градинки од МТСП во МОН ќе бара и усогласување на легислативата на оваа дејност со образованието, што би значело непречено прилагодување и функционирање на градинките под “капата” на МОН.
За жал, има премногу проблеми во образованието, за што не сме сигурни дека во еден мандат на оваа Влада можеме да ги решиме, велат од СОНК за КУРИР.

СДСМ – единствената партија која се меша во синдикално организирање

Лицемерно, СДСМ бара покачување на платите на наставниците сега, кога е во опозиција, а со години на власт тоа беше на дното на нивните приоритети. Сега СДСМ си дозволува да критикува договор од кој се задоволни сите засегнати страни, договор кој со право е наречен историски.

Бесрамно, како политичка партија, дури организираа и протест пред МОН за повисоки плати во образованието. Го најавија како наставнички протест во организација на СДСМ. Така партијата која Венко Филипче ја презеде од Димитар Ковачевски и Зоран Заев, стана единствената партија која се меша во синдикално организирање.

Протест за поголеми плати на наставници, а организиран од опозициската СДСМ. Каков срам! Како да не беше тоа доволно, овој потег просветните работници го сфатија како навреда.  Од Самостојниот синдикат за образование и наука се оградија од протестот со образложение дека нивни членови нема да учествуваат во политички протести.

СДСМ најавија протест под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“ и ги повикаа просветните работници без разлика на нивните политички убедувања да се приклучат на протестот. СДСМ навистина нема оправдувања кога се обидува да ја потцени интелигенцијата на професионалците кои ни ги водат децата низ воспитно-образовниот процес.

Седум години беа на власт и молчеа кога требаше да сработат нешто во корист на наставниците, професионалците кои ни ги образуваат и воспитуваат децата. Но сега, само што дојдоа во опозиција решија да бидат гласни, да кажуваат како и колку треба, а со тоа да ја потценат интелигенцијата на цел народ, особено на оние на кои им се додворуваат откако целосно ги запоставија.

Додека СДСМ одлучи да глуми лажна грижа, Владата му погледна на проблемот во очи и пристапи кон решавање на истиот. Првата пречка беше катастрофата која ја остави минатата власт зад себе – недостигаа 1,5 милијарди денари за исплата на плати на вработените во високото образование. Недостигаа 900 милиони денари за исплата на плати во основното и средното образование. Решавањето на овој проблем стана итен приоритет. Проблемите мораа да се решаваат чекор по чекор.

Што предвидува договорот?

Повисоки плати за наставниците во основно и средно образовани. СОНК и Владата минатиот месец се договорија за покачување од 5% веќе со октомвриската плата, но и за континуиран раст на платите во наредните 4 години за вкупно 46%.

Првичното покачување од 5% ќе биде заклучно со февруарската плата, а потоа динамиката ќе засили. Во март наредната година ќе има зголемување од 7%. Во 2026 и 2027 година исто во март, договорот е зголемувањето да се движи помеѓу 7,5% и 10%, за истиот период во 2028 година процентот на раст да достигне од 10 до 12,5%.

Октомвриската плата исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во март 2025 година ќе биде покачена за 5%, а потоа во март 2025 година ќе има ново покачување од 7%, односно во зависност од кондицијата на Буџетот во март 2026 година покачувањето ќе биде помеѓу 7,5 и 10%.

Покачувањето на платите на наставниците нема да застане тука, истото ќе продолжи и во следните години, односно во зависност од состојбата на самиот Буџет во 2027 година во месец март повторно наставниците ќе добијат покачување од 7.5 до 10%. За уште 10 и 12.5 проценти предвидено е да пораснат во 2028 година, исто така тоа ќе зависи од кондицијата на Буџетот за таа календарска година.

Наставниците во средното и основното образование, со ваквото редовно годишно зголемување во следните години, односно заклучно со месец март во 2028 година ќе добијат историски рекордно покачување од 46% на платите.

Ваквото покачување на платите на наставниот кадар во основното и средно образование претставува историски подвиг на една Влада, која за само еден мандат истите ќе ги покачи за речиси 50%.

Најнови вести од Македонија

To top