Останати спортови Прекинаа дуел

Пензионери осудени за попречување на Вимблдон, еве каков „циркуз“ направија

Тројцата обвинети, кои самите се застапуваа на судот, признаа дека влегле на теренот, но ги отфрлија обвиненијата за тежок престап.

Пензионери осудени за попречување на Вимблдон, еве каков „циркуз“ направија

Лондонскиот Суд за прекршоци прогласи денеска за виновни тројца еколошки активисти, членови на организацијата „Запрете ја нафтата“ (Just Stop Oil) поради попречување на тениските натпревари на Вимблдон и им изрече условни казни од шест до 18 месеци.

Тројцата пензионери, Дебора Вилд (69), Вилијам Вард (66) и Симон Милнер – Едвардс втрчаа на 5 мај лани на тениските терени на Вимблдон и накратко прекина два натпревари, фрлајќи на тревата конфети и делови од сложувалки.

Вилд и Милнер-Едвардс го прекинаа дуелот од првото коло на теренот број 18 меѓу Бугаринот Григор Димитров и Јапонецот Шо Шимабокуро, додека два часа подоцна Вард на истиот терен го прекина натпреварот меѓу Британката Кети Болтер и Австралијката Дарија Савил.

Тројцата обвинети, кои самите се застапуваа на судот, признаа дека влегле на теренот, но ги отфрлија обвиненијата за тежок престап.

„Запрете ја нафтата“ е организација која настојува да влијае врз британската Влада да забрани експлоатација на нови наоѓалишта на нафта или природен гас. (МИА)

To top