Македонија ТВ Клан

Јанушев: Очекувам уште поголема излезност во вториот круг и победа на ВМРО-ДПМНЕ, народот го казни СДС за криминалот и стратешките грешки

Јанушев изјави дека криминалот и корупцијата се тема број еден во Македонија бидејќи секојдневно има скандали од страна ан владата на СДС и ДУИ.

Јанушев: Очекувам уште поголема излезност во вториот круг и победа на ВМРО-ДПМНЕ, народот го казни СДС за криминалот и стратешките грешки

Резултатот не е изненадување. Ние кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на овие двојни претседателски и парламентарни избори. И она што впрочем се случи на вчерашниот ден на самото гласање ги потврди нашите тези, почнувајќи од лошото владеење во изминатите 7 години од страна на СДС, до катастрофалните стратешките грешки кои што ги правеа при водењето на државата, вели Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Клан Дебата на ТВ Клан.

Јанушев посочи дека очекува уште поголема излезност во вториот круг на претседателските и парламентарните избори, потенцирајќи дека граѓаните се пред голема историска одлука во каква Македонија ќе живеат.

-Да очекуваме дека ќе се зголеми излезноста, а со тоа и поддршката која што ќе дојде на наша страна. Така што да е период и кога се поврзани велигденските празници и први мај и многу луѓе сакаат тоа да го искористам, но мислам дека во моментот станува збор и за тоа се сите свесни во државата дека сме пред историска одлука за тоа во која насока ќе се движи Македонија. И не само во следните 4 години, туку буквално во која насока ќе се развива и на среден и на долг рок, рече тој.

Јанушев изјави дека криминалот и корупцијата се тема број еден во Македонија бидејќи секојдневно има скандали од страна ан владата на СДС и ДУИ.

-Не можеш да направиш тема за криминал и корупција ако ја нема. Зошто не е тема криминал и корупција во Шведска или Данска. Значи тука криминалот и корупцијата е тема тука затоа што има секој ден по неколку скандали. Јас можам до утре да седам тука и да ги бројам скандалите, кажа Јанушев и додаде:

„Во сите извештаи кои што постојат од било која релевантна меѓународна институција, вклучувајќи ги Извештаите на ЕУ криминалот и корупцијата е тема број еден во сите изминати години“.

Најнови вести од Македонија

To top