Познати војната продолжува

Јелена Карлеуша повторно со свој коментар за успехот на Александра Пријовиќ

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша уште еднаш јавно го изнесе својот став и мислење за успехот на Александра Пријовиќ .

Јелена Карлеуша повторно со свој коментар за успехот на Александра Пријовиќ

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша уште еднаш јавно го изнесе својот став и мислење за успехот на Александра Пријовиќ .

Пејачката кога ја прашале од една црногорска телевизија за нејзината колешка Александра Пријовиќ, рекла дека „се воздржува и останува неутрална“ и дека „треба да биде неутрална“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

– Александра треба да биде неутрална. Таа е добра девојка. Голем и неверојатен успех во сите тие Арени и успех е преку ноќ, ако може така да се каже. Излегува дека е поголема од Чола, Брена, Мерлин и најголемите легенди. Но не. Ова се нарекува „феномен на моментот“. Она што го сакам за неа е многу поубаво и повредно од она што другите го сакаат за неа. И сакам таа да го направи сето тоа повторно. Секој може да добие на лотарија еднаш, но тешко дека ќе се случи двапати. И посакувам повторно една недела на лото – изјавила Карлеуша.

Да потсетиме, Карлеуша неодамна во едно интервју истакна дека музиката на Прија е „треш“, и дека летово не снимила хитови, иако нејзините нумери се меѓу најслушаните на Јутјуб.

Меѓутоа, подоцна објаснила што точно мислела.

– Среќна сум за Прија и за успехот на сите. Ниту таа, ниту некој не треба да се споредува со мене бидејќи зад мене има 30 години одлична кариера, глобален пристап, пионерска и храбра работа. Едното не треба да го исклучува другото. Секој нека пее и работи, а кој колку вреди и по што ќе биде запаметен ќе покаже времето – истакна ЈК.

 

Најнови вести од Познати

To top