Останати спортови тенис

Стартна победа на македонските тенисерки во БЏК Купот

Македонските тенисерки беа во негатива по воведниот натпревар против Естонија, откако Стоилковска со 2-0 (6-1, 6-3) загуби од Елена Малигина.

Стартна победа на македонските тенисерки во БЏК Купот

Македонската женска тениска репрезентација оствари триумф во дуелот од првото коло во рамките на Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот совладувајќи ја денеска Естонија со 2:1.

Победата ја донесе македонскиот дубл Лина Ѓорческа – Магдалена Стоилковска триумфирајќи во третиот решавачки дуел со 6-3, 6-2.

Македонските тенисерки беа во негатива по воведниот натпревар против Естонија, откако Стоилковска со 2-0 (6-1, 6-3) загуби од Елена Малигина.

Израмнување донесе најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа која со 2-0 во сетови (7-6,6-4) ја совлада искусната Каја Канели.

To top