Вести ракомет

Волф: Македонците играат „грдо“, ќе биде здодевно за навивачите

Голманот Андреас Волф бранеше извонредно во првото коло против Швајцарија, а одличниот чувар на мрежата речиси сигурно ќе почне од првата минута и на неделниот дуел со Македонија.

Голманот на Киелце ја следеше првата средба на нашата селекција против Франција и воопшто не беше импресиониран од фактот дека избраниците на Кире Лазаров голем дел од овој меч го одиграа со „седум на шест“ во нападот.

Дуелот со Швајцарците беше добар почеток за нас на овој шампионат, но верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Едно е сигурно, против Македонија ќе имаме сосема поинаков меч отколку со Швајцарците. Пред нас е „грд натпревар“. Начинот на кој Македонија се однесува во нападот, играјќи со седум ракометри, сигурно ќе биде многу здодевно за навивачите. Од друга страна, за нас ќе биде потешко да се браниме од ваквите напади на противникот, истакна Андреас Волф.

Најнови вести од Вести

To top