Вести цел е иранскиот претседателски комплекс

ВИДЕО: САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс

Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.

ВИДЕО: САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.

Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.

Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.

Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.

Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

Најнови вести од Вести

To top