Пакистански државјанин е осуден за заговор за убиство на претседателот Доналд Трамп и други видни американски политичари, организиран по налог на иранските власти, соопшти американското Министерство за правда.
Обвинетиот Асиф Марчант се обидел да врбува лица на американска територија за да извршат атентати како одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани во 2020 година. Покрај Трамп, како потенцијални мети биле наведени и тогашниот претседател Џо Бајден, како и Ники Хејли. Марчант е прогласен за виновен за „нарачано убиство и обид за транснационален терористички чин“ по наредба на иранските власти, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД.
Процесот во Њујорк започна само неколку дена пред Трамп да ја нареди најновата воена операција против Иран.
Марчант признал дека се приклучил на заговорот на елитната иранска Револуционерна гарда, но тврди дека го направил тоа под притисок за да го заштити своето семејство во Техеран.
Американските безбедносни служби го осуетија планот пред да дојде до каков било напад.