Свет

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла.

Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико Сити и доведе до затворање на аеродромот во градот Пуебла, што е уште поблиску до вулканот.

Аеродромот во Мексико Сити во денешното соопштение предупреди дека „сите летови може да бидат откажани“ затоа што голем број летови доцнат или се одложени.

Вулканската пепел е особено опасна за воздухопловството, не само затоа што ја намалува видливоста, туку и затоа што ги оштетува моторите и трупот на авионите. Пепелта може да ги покрие пистите, да му наштети на здравјето на персоналот на аеродромот и да предизвика низа други проблеми.

Вулканот Попокатепетл е активен половина милион години и редовно еруптира. Неговата последна голема ерупција се случи пред повеќе од илјада години.

Теми на денот

To top