Свет Трагедија

Во земјотресот во Јапонија загинаа 202 лица, 102 се водат за исчезнати

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Во земјотресот во Јапонија загинаа 202 лица, 102 се водат за исчезнати

Во земјотресот што го погоди западниот дел на Јапонија на 1 јануари загинаа 202 лица, соопштија денеска официјални лица. Според новиот биланс што го објавија локалните власти, 102 лица се водат како исчезнати.

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Земјотресот уништи тесен појас долг околу сто километри во Јапонското Море, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и уривање на згради и патишта.  (МИА)

To top