Свет Најголем дел од жртвите се деца, млади и жени

Во Појасот Газа од почетокот на војната загинаа 14.854 луѓе

Властите во Појасот Газа соопштија дека бројот на загинати во палестинската енклава од 7 октомври е веќе 14.854, а повредени се околу 36.000, јави ДПА.

Во Појасот Газа од почетокот на војната загинаа 14.854 луѓе

Најголем дел од жртвите се деца, млади и жени. Податоците, како што наведува агенцијата, не можат да бидат потврдени од независен извор.

Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои околу 850 цивили, беа убиени во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Над 200 луѓе, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.

Најнови вести од Свет

To top