Свет УЖАС

Во масакр во Илиониос загинаа осум лица, осомничениот пронајден мртов

Полицијата верува дека седумте лица чии тела биле пронајдени во двете куќи биле членови на исто семејство. 

Во масакр во Илиониос загинаа осум лица, осомничениот пронајден мртов

Мажот осомничен за убиство на осум лица во Џолиет, Илиноис, од кои седуммина од исто семејство, е пронајден мртов во Наталија, Тексас, а се претпоставува дека си го одзел животот со истрел од пиштол по пресметка со полицијата во Тексас.

Како што пренесува Си-Би-Ес Њуз (CBS News), осомничениот е идентификуван како Ромео Нанс, а мотивот за убиствата е непознат и полицијата претпоставува дека осомничениот не ги познавал жртвите.

Во неделата, осомничениот од неговото возило пукал во 28-годишен маж, а следното утро полициски службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата.

Полицијата верува дека седумте лица чии тела биле пронајдени во двете куќи биле членови на исто семејство.  (МИА)

To top