Свет Ужас

Во борбите за Авдиевка загинаа околу 17.000 руски војници

Според процените на украинската армија од почетокот на инвазијата загинале 403.720 руски војници. Западните процени се дека руските загуби се над 300.000.

Во борбите за Авдиевка загинаа околу 17.000 руски војници

Околу 17.000 руски војници загинаа од 10 октомври 2023 година, кога Русија го почна нападот врз Авдиевка и 17 февруари 2024 година, изјави портпаролот на групата украински сили Таврија, задолжена за градот.

За речиси една деценија војна помеѓу тогашниот Советски Сојуз и Авганистан загинаа околу 15.000 војници. СССР испрати илјадници свои војници во Авганистан на крајот на декември 1979 година како поддршка на комунистичката Народна демократска партија на Авганистан во борбата против муџахедините.

Москва и Киев не соопштуваат за бројот на жртви, како и за уништената опрема. Русија уште од септември 2022 година нема објавено никакви податоци за сопствените загуби. Тогаш рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија изгубила 5.937 војници од инвазијата на Москва на 24 февруари 2022 година.

Според процените на украинската армија од почетокот на инвазијата загинале 403.720 руски војници. Западните процени се дека руските загуби се над 300.000.

Русија на 10 октомври минатата година го нападна стратешки важниот град Авдиевка, лоциран во близина на регионалниот главен град Доњецк. Русија на пред два дена соопшти дека на 17 февруари градот е „целосно ослободен“ откако Украина соопшти дека ги повлекува своите сили од градот. (МИА)

To top