Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул во средата попладне, објави турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Земјотресот попладнево се случи во близина на брегот на Силиври во Мраморното Море.
Всушност, силниот потрес ја затекна новинарката на Си-Ен-Ен Турк во студио, средем емисија во живо. Новинарката, како што се гледа на видеото кое кружи на интернет, е мирна во првите секунди од земјотресот. Меѓутоа, како што поминува времето и се засилува земјотресот, таа се збунува но ја продолжува емисија.
Телевизијата емитуваше и други снимки од земјотресот и од тоа како граѓаните бегаат низ улиците.
Земјотресот се случи во 12:49 часот по локално време и силно се почувствува во Истанбул и соседните области, што ги натера исплашените жители да ги напуштат зградите.
Уште еден земјотрес со магнитуда од 4,9 степени по Рихтер се случи во 13:02 часот, со епицентар на брегот на Бујукчекмеџе во Мраморното Море.
АФАД соопшти дека сите релевантни институции и тимови за одговор се мобилизирани и вo тек се проверки на терен за да се процени потенцијалната штета и да се осигури јавна безбедност.
Агенцијата нагласи дека тимовите активно ја следат ситуацијата и ги координираат напорите за одговор.