Свет причината за несреќата засега непозната

ВИДЕО: Снимен моментот пред падот на воениот авион во Колумбија, локалци со мотори пренесуваат повредени војници

Авионот Ц-130 Херкулес летал од Пуерто Легуизамо до Пуерто Асис, но се урна по полетувањето.

ВИДЕО: Снимен моментот пред падот на воениот авион во Колумбија, локалци со мотори пренесуваат повредени војници

При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили, изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето.

Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција.

Снимка објавена на социјалните мрежи прикажува како авионот полетува над густата прашума, а потоа повторно се спушта кон земјата.

Друга снимка, пак, прикажува како локални жители со мотори превезуваат повредени војници за укажување лекарска помош.

Авионот Ц-130 Херкулес летал од Пуерто Легуизамо до Пуерто Асис, но се урна по полетувањето. Сè уште е непозната причината за несреќата.

Најнови вести од Свет

To top