Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека пред околу еден час одекнала нова експлозија на мостот што ги поврзува Русија и Крим.
СБУ наведе дека продолжува украинската операција.
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
Претходно, СБУ соопшти дека утрово го минирала мостот со 1.100 килограми експлозив при што се оштетени столбовите под вода.
Руските власти на Крим го затворија мостот за сообраќај.
Русија во 2014 година го анектира Крим. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, патниот и железнички мост е трипати нападнат од украинската армија. Кримскиот мостот претрпе значителна штета за време на двата претходни украински напади во октомври 2022 година и јули 2023 година.