Свет

ВИДЕО: Министер се снимал како вози со 225 км/ч и слуша народни песни, набрзо го стигна казна

Турскиот министер за транспорт е казнет за пребрзо возење откако објави видео од себе како вози по автопат под хаштагот #TurkeyAccelerates додека пее народни песни во автомобилот.

ВИДЕО: Министер се снимал како вози со 225 км/ч и слуша народни песни, набрзо го стигна казна

Во неделата вечерта, министерот Абдулкадир Уралоглу објави видео на мрежата X од него како вози по автопат во близина на главниот град Анкара, слушајќи народни песни и делови од говорот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На неколку одделни снимки на кои ненамерно се гледа брзинометарот, јасно може да се забележи како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на тој автопат во Турција е 135 км/ч.

Неколку часа подоцна, Уралоглу го објави повторно видеото, признавајќи дека бил казнет за пречекорување на ограничувањето на брзината, пишувајќи дека споделувањето на видеото го натерало самиот да го стори тоа.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и случајно го надминав ограничувањето на брзината за кратко време. Всушност, се осудив себеси со видеото, напиша тој.

Во повторно објавеното видео е прикажано дека Уралоглу возел со брзина од 225 км/ч и добил казна од 9.267 турски лири (190 евра).

-Отсега па натаму, ќе бидам многу повнимателен. Почитувањето на ограничувањето на брзината е задолжително за сите, рече министерот.

To top