Свет

ВИДЕО: Азербејџан нападнат – Беспилотни летала го погодија аеродромот, има повредени

ВИДЕО: Азербејџан нападнат – Беспилотни летала го погодија аеродромот, има повредени

Азербејџан го обвини Иран за извршување напади со беспилотни летала на негова територија, во кои беа повредени две лица.

Утрово падна дрон врз терминалната зграда на меѓународниот аеродром во Нахчиван, азербејџанска енклава што граничи со северен Иран, објави Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Аеродромот се наоѓа на околу 10 километри од иранската граница, пренесува Скај њуз.

Друг дрон падна во близина на училиште во блиско село, се вели во соопштението.

-Овој напад на територијата на Азербејџан е спротивен на нормите и принципите на меѓународното право и придонесува за зголемување на тензиите во регионот, објави министерството.

„Бараме Исламската Република Иран што е можно поскоро да го разјасни овој случај, да даде објаснување и да преземе итни мерки за да се спречи повторување на вакви инциденти во иднина“, се вели во него.

Ова е првпат Азербејџан да пријави таков инцидент откако конфликтот избувна минатиот викенд.

Одредени ирански напади одат и надвор од непосредната област на Блискиот Исток – Турција вчера објави дека била принудена да собори ирански балистички ракети што влегле во нејзиниот воздушен простор, а Техеран денес негираше дека учествувал во тој напад.

To top