Свет

Валтонен: Финска може да ги затвори граничните премини со Русија

Финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен изјави денеска дека Финска разгледува опции да ги затвори сите гранични премини со Русија доколку продолжи приливот на баратели на азил од таа држава.

Валтонен: Финска може да ги затвори граничните премини со Русија

-Веќе презедовме мерки за затворање на некои гранични премини и доколку е потребно, ќе спроведеме натамошно затворање, изјави Валтонен.

Во ноември, повеќе од 600 луѓе без валидни патни документи влегоа во Финска преку Русија, поради што Хелсинки затвори неколку премини и ја обвини Москва за префрлање мигранти во Финска.

Барателите на азил доаѓаат најмногу од Јемен, Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија и Сирија.

Теми на денот

To top