Свет Трагедија

УЖАС во Франција: Четири деца и нивната мајка пронајдени мртви

Нивните тела беа пронајдени во градот Мо, кој е нешто повеќе од 40 километри од француската престолнина.

УЖАС во Франција: Четири деца и нивната мајка пронајдени мртви

Обвинителството во Франција започна истрага за убиство откако пет тела беа пронајдени во град североисточно од Париз.

Според извештаите на локалните медиуми, жртвите се жена и нејзините четири мали деца.

Нивните тела беа пронајдени во градот Мо, кој е нешто повеќе од 40 километри од француската престолнина.

-Тие беа пронајдени во стан, изјави локалниот обвинител за француската новинска агенција АФП.

Според новинската веб-страница Акту17, која прва го пријавила случајот, полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.

Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека судската полициска служба во Версај започна истрага.

To top