Свет ФСБ

Уапсени уште тројца осомничени за вмешаност во нападот во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва

ФСБ откри дека „двајца од уапсените префрлиле пари за набавка на огнено оружје и возила користени во терористичкиот напад, а третиот бил директно вклучен во регрутирање соучесници во терористичкиот напад и финансирање на неговите извршители“.

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург и Омск уапсила двајца странски државјани и еден руски државјанин, кои биле вклучени во финансирање и регрутирање терористи кои учествувале во нападот, што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус“, во близина на Москва.

Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми.

To top