Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД ќе одговорат на нападот врз американската амбасада во главниот град на Саудиска Арабија – Ријад, што се случи синоќа.
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија претходно соопшти дека американската амбасада во Ријад била погодена со два дрона, кои предизвикале „ограничен“ пожар и мали материјални штети.
Телевизијата Фокс Њуз јави дека за време на нападот со ирански дронови амбасадата била празна и нема повредени.
Доналд Трамп изјавил во интервју за „ЊузНејшн“ (NewsNation) дека наскоро ќе стане јасен одговорот на САД на нападот врз амбасадата во Ријад и на смртта на американските војници за време на конфликтот во Иран.