-На Европа и се потребни САД за нејзината безбедност. Праведно споделување на тежината е од решавачко значење. Европа троши повеќе, а оваа година повеќето сојузници ќе потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана. На Северна Америка и е потребна Европа. Со НАТО, САД имаат повеќе пријатели и сојузници од која било друга голема сила. Не верувам во самостојноста ниту на САД, ниту на Европа, додаде Столтенберг на церемонијата во седиштето на Алијансата во Брисел.
Генералниот секретар додаде дека НАТО денес е пообединет од кога било. „Помогнавме да се шири мирот, демократијата и напредокот во Европа. Од 12 земји основачи, денес пактот го сочинуваат 32 сојузници. Се чини дека постапуваме правилно“, истакна Столтенберг во својот свечен говор.