Свет Мисија

Спејс икс лансираше десетици минисателити во орбитата како дел од мисијата Транспортер 9

Фалкон 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

Во рамки на мисијата „Транспортер 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави компанијата „Спејс Икс“ на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Мисијата Транспортер9 е деветти специјален лет на ракетата SpaceX во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти.

Фалкон 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

Транспортер 9 е 82-та орбитална мисија на SpaceX оваа година. Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на Starlink, интернет мегасоѕвездието на SpaceX со повеќе од 5.000 сателити.

Претходната мисија „Транспортер 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа лансирани 72 минисателити.  (МИА)

To top