Свет осуда

Советот за безбедност на ОН ги осуди најновите воздушни напади врз Украина

Во руските напади ширум Украина загинаа 31 цивил, а повредени се повеќе од 160. Полска соопшти дека руски проектил влегол во нејзиниот воздушен простор пред да се врати во Украина.

Советот за безбедност при Обединетите нации остро ја критикуваше Русија за масовните ракетни и беспилотни напади врз Украина, откако Киев повика на итен состанок на 15-членото тело поради нападите.

Во руските напади ширум Украина загинаа 31 цивил, а повредени се повеќе од 160. Полска соопшти дека руски проектил влегол во нејзиниот воздушен простор пред да се врати во Украина.

Трагично е што 2023 година завршува како што почна – со разорно насилство врз народот на Украина, изјави помошникот генерален секретар на ОН Мохамед Калед Киари откако го информираше Советот за нападите.

Украинците уште еднаш се принудени да ги поминат празниците барајќи засолниште, расчистувајќи ги урнатините и закопувајќи ги мртвите на ниски температури, додаде тој.

Повеќето членови на Советот, вклучувајќи ги САД, Франција и Велика Британија, ги осудија нападите врз Украина.

Наместо мир, (рускиот претседател Владимир) Путин избра да ги одбележи овие празници и да ја започне новата година со невиден број напади со беспилотни летала и ракетни напади врз друга земја на ОН, изјави Џон Кели, советник за политички прашања на Постојаната мисија на САД во ОН.

Заменик-амбасадорот на Кина во ОН, Генг Шуанг повика на „политичко решение“ за војната во Украина.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во подолг одговор рече дека Русија извршила напади само врз воената инфраструктура во Украина и дека украинските системи за воздушна одбрана се одговорни за цивилните жртви.

Нападите ги осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Овие изјави следуваат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа побара од меѓународната заедница да одговори на најновите руски воздушни напади врз неговата држава.

Важно е светот да реагира на овој најнов чин на терор. Многу лидери денеска веќе ја изразија својата поддршка за Украина и Украинците и јас сум им благодарен на сите, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Најнови вести од Свет

To top