Свет

Словачка се закани дека ќе ги блокира постоечките санкции на ЕУ против Русија

Владата на Словачка, покрај ветото на новите рестриктивни мерки кон Москва и заемот за Украина, се закани дека ќе ги укине постоечките санкции кон Русија.

Словачка се закани дека ќе ги блокира постоечките санкции на ЕУ против Русија

Владата на Словачка, покрај ветото на новите рестриктивни мерки кон Москва и заемот за Украина, се закани дека ќе ги укине постоечките санкции кон Русија.

– Словачка ќе го блокира продолжувањето на веќе усвоените мерки за забрана на визи и замрзнување на средства за 2.672 руски поединци и субјекти доколку двајца руски олигарси не бидат отстранети од листата, објави „ЕУОбсервер“ (EUObserver) повикувајќи се на неименувани дипломати од ЕУ.

Воведените санкции против Русија се продолжуваат со консензус на секои шест месеци, а за новото продолжување ќе се одлучува на 15 март. Братислава бара да бидат укинати санкциите против двајца руски олигарси, Михаил Фридман и Алишер Усманов, а за тоа има поддршка од Унгарија.

Унгарија веќе стави вето на 20-от пакет санкции против Русија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, исто така, го блокираше заемот од 90 милијарди евра за Украина, обвинувајќи го Киев за блокирање на испораката на руска нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“.

И Унгарија и Словачка добија привремено ослободување од политиката на ЕУ за забрана за увоз на руска нафта и добија руска сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“, што поминува низ Украина, но испораките беа прекинати на крајот на јануари.

Киев тврди дека испораката била прекината бидејќи инфраструктурата на нафтоводот била оштетена во рускиот напад, а Орбан го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски дека намерно не испорачувал руска нафта во обид да предизвика енергетска криза во Унгарија.

Словачкиот премиер Роберт Фицо, по вчерашниот состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека се согласиле дека моира да се обнови транзитот на нафта преку „Дружба“.

Тој претходно предупреди дека Братислава е подготвена да го блокира заемот од ЕУ ако Киев продолжи да не испорачува нафта и Орбан ги изгуби парламентарните избори. Доколку Украина не го добие заемот, тоа би можело да предизвика финансиска криза по 1 април.

To top