Свет

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Вануату

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Вануату

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Вануату, островска земја во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случи на 42 километри југозападно од главниот град на Вануату, Порт Вила, каде живеат повеќе од 35.000 луѓе.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 32 километри.

To top