Свет Безбедносната полиција во последните години предупредуваше на растечките закани

Шведска безбедносна служба: Најголеми закани за Стокхолм се Русија, Кина и Иран

Иран, исто така, долго време е означен како сериозна закана, а властите забележаа дека криминалните мрежи во Шведска, која во последните 10 години се бори со бран криминал поврзан со банди, биле користени од државни актери за одредени насилни дела.

Шведска безбедносна служба: Најголеми закани за Стокхолм се Русија, Кина и Иран

Русија, Кина и Иран ги претставуваат најголемите закани за Шведска, соопшти денеска Шведската безбедносна служба (САПО) во својот годишен извештај за заканите по земјата.

Безбедносната полиција во последните години предупредуваше на растечките закани, пред сè од Русија, која презема сè повеќе хибридни напади низ Европа покрај војната во Украина.

Иран, исто така, долго време е означен како сериозна закана, а властите забележаа дека криминалните мрежи во Шведска, која во последните 10 години се бори со бран криминал поврзан со банди, биле користени од државни актери за одредени насилни дела.

„Американско-израелската воена операција против Иран и контрамерките што ги спроведе Иран ја зголемија заканата за американските, израелските и еврејските цели во Шведска“, наведе во извештајот шефицата на Службата за безбедност, Шарлот фон Есен.  (МИА)

To top