Чешкиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски денеска ги повика Унгарија и Словачка да престанат да купуваат руска нафта.
– Разбирам дека Унгарија сака да купува поевтина нафта. Но, спротивставувањето на Путин има своја цена. Цела Европа плаќа нешто повеќе за гас и нафта. И се надевам дека на крај Унгарија и Словачка ќе го слушнат апелот на Трамп, посочи Шикорски.
Тој посочи дека се радува што американскиот претседател Доналд Трамп „конечно почна да го зборува тоа што се говори во Европа“ дека Унгарија и Словачка имаат можност да купуваат нафта на други места и оти тоа требало да го направа одамна.
Трамп пред два дена изјави дека е подготвен да воведе санкции кон Русија, кога сите-земји членки на Алијансата ќе престанат да купуваат руска нафта.