Свет

Шефот на МААЕ патува за Киев поради стравувањата за нуклеарната централа Запорожје

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, утре повторно ќе отпатува за Киев.

Шефот на МААЕ патува за Киев поради стравувањата за нуклеарната централа Запорожје

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, утре повторно ќе отпатува за Киев.

Тој ќе ја посети и нуклеарната централа Запорожје во југоисточниот дел на земјата, соопшти МААЕ денеска во Виена.

Најголемата нуклеарна централа во Европа е контролирана и окупирана од Русија од 2022 година. Објектот беше цел на повеќекратни напади и саботажи за кои Москва и Киев се обвинуваат меѓу себе.

Гроси во средината на август изјави дека безбедносната ситуација „се влошува“. Тој зборуваше по експлозијата во непосредна близина на централата, за која експертите на МААЕ веруваат дека била предизвикана од дрон со експлозивно полнење.

Ова ќе биде петти пат генералниот директор на МААЕ да ја премине линијата на фронтот за да дојде до Запорожје, откако воспостави постојано присуство на МААЕ на локацијата пред две години, на 1 септември 2022 година, за да ја следи нуклеарната безбедност. Исто така ова ќе биде десетта посета на Гроси на Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.

To top