Свет

Шариф: Пакистан е подготвен да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран

Пакистан е подготвен да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, изјави денеска премиерот Шехбаз Шариф.

Шариф во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека Пакистан ги поддржува напорите насочени кон дијалог за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, во интерес на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Премиерот истакна дека Пакистан, со договор меѓу Вашингтон и Техеран, е подготвен и почестен да биде домаќин и да посредува во „значајни и конечни преговори“ што би довеле до сеопфатно решение за сегашниот конфликт.

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, во она што го нарекоа „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток.

To top