Свет вредноста на опремата изнесува 2,35 милијарди долари

САД одобри продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија

Соединетите Американски Држави одобрија продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија, објавија странските агенции, повикувајќи се на Пентагон.

Ракетите и соодветната опрема ќе бидат продадени за 2,35 милијарди долари.

Договорот со Токио предвидува трансфер на 14 системи за контрола на ракетите, како и обука на персоналот, обезбедување резервни делови и одржување.

Најнови вести од Свет

To top