Свет тексас

Птичји грип кај човек потврден во Америка

Пациентот бил третиран со соодветни лекови, а единствениот забележан симптом биле црвените очи, додадоа властите од Тексас.

Птичји грип кај човек потврден во Америка

Еден човек во Тексас официјално се заразил со птичји грип Х5Н1, инфекција поврзана со неодамнешното откривање на вирусот кај млечните крави, соопштија денеска здравствените власти.

Пациентот бил третиран со соодветни лекови, а единствениот забележан симптом биле црвените очи, додадоа властите од Тексас.

Според нив, мажот бил во контакт со крави за кои се претпоставува дека се заразени, но ризикот по јавното здравје останува низок.

Минатата недела вирусот на птичји грип беше откриен кај млечни крави во Тексас и Канзас, САД.

Федералните службеници за сточарство подоцна потврдија дека стадо крави од Мичиген се разболело, на кои неодамна им се придружиле и крави од Тексас.

Овој вирус е откриен кај стотици видови цицачи ширум светот во последниве години.

Птичјиот грип првпат беше откриен во форма опасна за луѓето за време на епидемија во Хонг Конг во 1997 година.

Повеќе од 460 луѓе починале од птичји грип во последните две децении, според податоци на Светската здравствена организација.

Огромното мнозинство луѓе се инфицираат директно од птици, но научниците постојано се во потрага по можен пренос од човек на човек.

Ова е само втор пат во историјата некој од САД да биде заразен со видот Х5Н1 на птичји грип. Ова претходно му се случило на затвореник кој убивал заразени птици на фарма за кокошки во округот Монтроус, Колорадо.

Единствениот симптом што го имал бил заморот и оздравел.

Претставниците на Тексас не открија кој е новозаразениот, ниту пак како дошол во контакт со болните крави.

To top