Свет Хезболах пукале врз израелски цивили

Продолжуваат престрелките долж либанско-израелската граница

Борбите на либанско-израелската граница продолжија и денеска повторно имаше престрелки, јави ДПА.

Продолжуваат престрелките долж либанско-израелската граница

Либанското шиитско движење Хезболах соопшти дека пукало врз израелски цели во пограничната област, особено известувајќи за „директен удар“ на кибуцот Ханита.

Се наведува дека нападнале и неодредена локација со ракети и артилериски гранати, како и „концентрација на непријателски сили и опрема“.

Израелската војска соопшти дека нападнала неколку „сомнителни воздушни цели“ кои летале од Либан кон Израел.

„Една од нив беше успешно уништена. Имаше и повеќе напади од либанска територија, на што Израел одговори со возвратен оган“, се додава во соопштението. Нема информации за жртви.

To top