Свет израел ги обнови нападите

Продолжуваат преговорите за примирје во Газа

Разговорите меѓу Израел и Хамас со цел обновување на примирјето во Газа од посредниците Катар и Египет продолжуваат и покрај обновените борби, изјави извор информиран за разговорите.

Продолжуваат преговорите за примирје во Газа

-Преговорите се уште се во тек со катарските и египетските посредници и покрај обновувањето на израелските воздушни напади врз Газа, рече изворот барајќи да остане анонимен поради чувствителноста на разговорите.

Интензивните дискусии во текот на ноќта не успеаја да обезбедат осми ден за прекин на огнот.

Најмалку шест Палестинци беа убиени денеска во израелски воздушен напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство, управуван од Хамас, Ашраф ал Кудра. На друго место, две деца беа убиени во воздушни напади врз градот Газа, рече Фадел Наим, лекар од болницата Ал-Ахли, откако борбите продолжија веднаш по истекот на седумдневното примирје меѓу Израел и милитантите на Хамас.

Теми на денот

To top