Свет Берлин

По 30 години бегство: Поранешна припадничка на РАФ е уапсена

Властите веруваат дека триото ограбило супермаркети и камиони со пари за да го финансира нивниот живот под земја.

По 30 години бегство: Поранешна припадничка на РАФ е уапсена

Поранешна членка на екстремно левичарската терористичка група Фракција на Црвената армија (РАФ), позната и како Бадер-Мајнхоф, е уапсена во Берлин по 30 години во бегство, соопштија денеска властите.

Даниела Клете (65), една од високопозиционираните личности на РАФ, е уапсена во берлинскиот кварт Креузберг, соопшти Јавното обвинителство во Верден.

Клете припаѓала на третата генерација на припадници на РАФ, а е обвинета за обид за убиство, учество во бројни напади и грабежи на возила меѓу 1999 и 2016 година.

Таа е ставена на листата на најбарани во Европа во 2020 година, заедно со уште двајца поранешни членови на РАФ, Буркард Гарвег и Ернст-Волкер Стауб.

Властите веруваат дека триото ограбило супермаркети и камиони со пари за да го финансира нивниот живот под земја.

Групата РАФ е основана во 1970 година и е одговорна за десетици атентати, киднапирања и бомбашки напади насочени кон бизнисмени, владини претставници и американски војници. Групата објави самораспуштање во 1998 година. (МИА)

To top