Свет препораки за носење маски

Нов ковид бран во САД

Се работи за новата доминантна варијанта ЈН.1 која што се утврдува дека лесно се адаптира кај вакцинираните и оние кои биле претходно инфицирани.

Нов ковид бран во САД

САД се судираат со уште еден Ковид-19 бран и бројни јавни здравствени институции, како оние во Лос Анџелес и Чикаго, повторно воведуваат препораки за носење маски.

Се работи за новата доминантна варијанта ЈН.1 која што се утврдува дека лесно се адаптира кај вакцинираните и оние кои биле претходно инфицирани. Примероци од коронавирус се детектирани во канализацискиот одвод, а тоа е најдобро мерило дека инфекциите се бујни.

По социјалните мрежи повторно се појавуваат фотографии со позитивни тестови од коронавирс, но за разлика од пред една година помалку луѓе сега завршуваат во болница.

Според Центрите за контрола и превенција на заболувањата (ЦДЦ), во неделата пред (католички) Божиќ биле регистрирани 29.000 хоспитализации поврзани со симптоми на Ковид, споредено со 39.000 претходната година. Од Денот на благодарноста при крајот на ноември пак, се регистрираат 1.400 починати неделно, помалку од половина од смртните случаи истиот период во 2022 година.

И покрај тоа, Ковидот останува една од главните причини за смртноста во САД, како и главен причинител на респираторните вирусни хоспитализации, плус случаите на грип и настинки, со што болниците и оваа зима се преполнуваат.

-Од трите главни вируси ова е сепак вирус што ги става луѓето во болница и им го одзема животот, изјави Менди Коен, директор на ЦДЦ.

Оттаму велат дека дури и млаките случаи на Ковид може да придонесет кон продолжителни компликации од „долгиот Ковид“.

Ако тестот е позитивен, од ЦДЦ препорачуваат да се оди во петдневна изолоција. Сепак, многу од Американците тоа не го прават а и бесплатните тестови не се наоѓаат така лаесно како порано. Со тоа вирусот се шири полесно ако луѓето не знаат дека настинката е всушност Ковид,

To top