Свет Претставник на Хамас

Нема напредок во преговорите во Каиро за прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас вчера испратија свои претставници во главниот град на Египет, откако шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, таму пристигна во саботата. Неговото присуство е јасен знак за притисокот на САД врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да склучи договор за ослободување на израелските заложници држени од Хамас и олеснување на хуманитарната криза во Појасот Газа, забележуваат британските медиуми.

Нема напредок во преговорите во Каиро за прекин на огнот во Газа

Претставник на палестинската исламистичка група Хамас за британските медиуми изјави дека не е постигнат напредок во новата рунда преговори за прекин на огнот во Појасот Газа што се одржува во Каиро, во која учествуваат делегации од Израел, Катар и САД.

-Нема промена во ставот на окупаторите и затоа ништо ново не се случи на преговорите во Каиро, изјави претставникот на Хамас, кој сакаше да остане анонимен.

„Засега нема напредок“, додаде тој.

Претходно денеска телевизијата „Ал Кахера“, тесно поврзана со египетската Влада, цитираше висок извор во Каиро дека преговарачките страни постигнале договор за некои прашања.

Израел и Хамас вчера испратија свои претставници во главниот град на Египет, откако шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, таму пристигна во саботата. Неговото присуство е јасен знак за притисокот на САД врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да склучи договор за ослободување на израелските заложници држени од Хамас и олеснување на хуманитарната криза во Појасот Газа, забележуваат британските медиуми.

Израел и Хамас од октомври и почетокот на војната не можат да ги надминат разликите. Хамас сака Израел да ја прекине офанзивата во Газа и да ја повлече целата своја војска од палестинската енклава. Тел Авив, од своја страна, бара размена на сите заложници за одреден број Палестинци кои се чуваат во израелските затвори, без да се обврзе да стави крај на војната.

To top