Свет меѓу уапсените и тројца европски државјани

На собир во Иран уапсени над 260 лица, запленети се алкохол и дрога

Иранските безбедносни сили уапсија повеќе од 260 лица, меѓу кои и тројца европски државјани, на „сатанистички“ собир западно од главниот град Техеран, јави денеска иранска новинска агенција.

„Во Техеран е разбиена сатанистичката мрежа, уапсени се тројца европски државјани“, наведува агенцијата, додавајќи дека меѓу уапсените има 146 мажи и 115 жени, како и дека се запленети алкохол, забранет со исламските закони на Иран, и психоделични дроги.

Не се наведува националноста на уапсените Европејци.

To top