Свет Ужас

МЗ во Газа: Болница во Појасот се претвори во масовна гробница

-Пред мртовечницата има 60 тела, рече Ел Кудра.

МЗ во Газа: Болница во Појасот се претвори во масовна гробница

Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал Кудра, пренесуваат американските медиуми.

Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.

-Пред мртовечницата има 60 тела, рече Ел Кудра.

Тој додаде дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата.  (МИА)

To top