Свет Јужна Африка

МПС итно да дејствува за да спречи глад во Појасот Газа

Јужна Африка, во писмото испратено до МСП, предупреди дека Палестинците во Појасот Газа се соочуваат со глад и побара од судот да нареди прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници и затвореници.

МПС итно да дејствува за да спречи глад во Појасот Газа

Јужна Африка се обрати до Меѓународниот суд на правдата во Хаг со барање да дејствува итно за да се спречи гладот во Појасот Газа, соопшти кабинетот на јужноафриканскиот претседател.

Јужна Африка побара од МСП да нареди дополнителни, итни мерки против Израел, кој ги крши важечките договори.

Јужна Африка, во писмото испратено до МСП, предупреди дека Палестинците во Појасот Газа се соочуваат со глад и побара од судот да нареди прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници и затвореници.

Јужна Африка, исто така, побара од судот да му нареди на Израел да преземе „итни и ефективни мерки за да овозможи обезбедување на итно потребната основна хуманитарна помош за да се спречи гладувањето во палестинската енклава“.  (МИА)

To top