Свет

Мицотакис ќе ги посети Рамала и Ерусалим и ќе учествува на трилатералниот самит Грција – Кипар-Израел

Стратешките односи меѓу Грција и Израел, како и зајакнувањето на трилатералната соработка Грција -Кипар-Израел во одбраната, безбедноста, енергетиката, поврзаноста, цивилната заштита, иновациите, се очекува да бидат потврдени со посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Ерусалим, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска ќе ја посети и Рамала каде што ќе се сретне со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, а потоа ќе отпатува за Ерусалим на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по што ќе се одржи и трилатералната средба со учество и на кипарскиот претседател Никос Христодулидис.

За палестинското прашање, грчките владини извори потсетија дека цврстата позиција на Грција е решението со две држави, а паралелно посочија дека земјата е подготвена да придонесе за следниот ден од мировниот план за Газа, како на хуманитарно ниво и преку учество во обновата, така и преку можно учеството во Меѓународните сили за стабилизација.

Во однос на трилатералниот самит, според истите извори, лидерите се очекува да испратат порака за продлабочување на соработката во прашањата од заеднички интерес и за стабилноста и безбедноста во регионот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во март годинава Мицотакис го посети Израел и се сретна, како со премиерот така и со претседателот, а беше и еден од првите лидери што ја посетија земјата неколку дена по 7 октомври 2023 година, што според владините извори е „потег од големо симболично значење“.

To top