Свет АНСА

Матарела: Италија нема да толерира враќање на антисемитизмот

Претседателот на Италија исто така изрази загриженост поради заложниците кои ги држи Хамас, но и за страдањата на палестинските цивили поради израелското бомбардирање на Газа.

Матарела: Италија нема да толерира враќање на антисемитизмот

Италија нема да толерира враќање на антисемитизмот, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела, во пресрет на утрешниот Ден на сеќавање на холокаустот.

„Мртвите од Аушвиц постојано не потсетуваат дека човештвото оди по тешки и ризични патишта. Ова се манифестира и со враќањето на опасните примери на антисемитизам во светот – предрасуди кои ги следат древните антиеврејски стереотипи, засилени со социјалните мрежи без контрола или скрупули“, рече Матарела во претседателската палата, пренесе АНСА.

Тој додаде дека италијанските еврејски заедници знаат дека Италија е нивниот дом и дека Републиката, чиј составен дел се тие, нема да толерираат, на кој било начин, закани, заплашувања и малтретирање на Евреите.

Претседателот на Италија исто така изрази загриженост поради заложниците кои ги држи Хамас, но и за страдањата на палестинските цивили поради израелското бомбардирање на Газа.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјави дека пропалестинските демонстрации ќе бидат забранети во тој град и во другите поголеми градови, вклучително и во Рим во сабота, поради ризикот од антиизраелски или антисемитски инциденти. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top