Свет Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад

Ким Џонг-Ун: Одлучни сме за нуклеарен договор на непријателски нуклеарен предизвик

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предупреди дека официјален Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку непријателот го испровоцира со нуклеарно оружје, објавија денеска по локално време севернокорејските државни медиуми.

Ким Џонг-Ун: Одлучни сме за нуклеарен договор на непријателски нуклеарен предизвик

Официјалната државна новинска агенција објави дека Ким го издал ова предупредување за време на состанокот со севернокорејските воени лидери во командата на ракетните сили, за време на тестирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Агенцијата посочува дека Ким објаснил дека таквите решителни воени активности се спроведуваат за да се демонстрира офанзивен контра напад во рамките на воената доктрина и стратегија на Северна Кореја, која нема да се двоуми да одговори со нуклеарно оружје во случај непријателот да го испровоцира со нуклеарно оружје.

Во посебна изјава, сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, го осуди Советот за безбедност на Обединетите нации за за одржување на седница по повод лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, велејќи дека тоа е вежба на земја која има право на самоодбрана.

Теми на денот

To top