Свет Хамас ќе ослободи 50 израелски заложници

Катар: Наскоро ќе биде објавено времето на прекин на огнот

Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема да се случи пред петок наутро поради очигледни логистички доцнења.

Катар: Наскоро ќе биде објавено времето на прекин на огнот

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови.

Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема да се случи пред петок наутро поради очигледни логистички доцнења.

Висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека одлуката за одложување на спроведувањето на договорот за заложници за еден ден, до петок, ја донел Израел заедно со Катар и Египет и оти САД се во тек со развојот на ситуацијата.

Според него, потребно е повеќе време за да се финализираат деталите и да се „минимизираат работите што би можеле да тргнат наопаку“.

Според договорот, Хамас ќе ослободи 50 израелски заложници – деца, нивните мајки и други жени, за четиридневен прекин на борбите и ослободување на 150 палестински затвореници.  (МИА)

To top